Серија фотографии и снимки на кои се гледа Ајфеловата кула во пламен и чад се проширија низ различни социјални мрежи во изминатите неколку дена. Но, набрзо се установило дека се работи за лажни фотографии и снимки и дека пожарот не влијаел на туристичката атракција.
@pid347 ฝรั่งเศส ลุก เป็น ไฟ แล้ว ครับ
На официјалната веб-страница на Ајфеловата кула не се објавени извештаи за пожарот, а билетите за искачување се уште се достапни за купување. Фотографиите споделени на официјалните канали на социјалните мрежи покажуваат дека кулата е покриена со снег.
@xth3anonymous #eiffel #paris #fire #noway #look #question #foryou #fail #videoviral ♬ Danger – SoundAudio
Новинарите на Ројтерс потврдија дека пред неколку дена отишле да ги проверат вестите на веб-страницата на париската полиција и објавите на Фејсбук профилот на градоначалничката Ан Идалго, но не нашле потврда дека пожарот избувнал.
@rastgele_ritm #eiffeltower #paris #fire #burn ♬ оригинальный звук – ruslan_sever
Контактирале и со портпаролот на знаменитоста, кој не одговорил веднаш. Набрзо дознале дека фотографиите и видеата кои кружат на интернет се лажни. „Немаше таков пожар и фотографијата која кружи на интернет е лажна“, објавија пред пет дена.
134 million views for a carousel of AI generated images showing the Eiffel Tower on fire
I don’t think newsrooms – or even governments – are yet awake to the impact that AI, combined with algorithm-led social media platforms, is having on the information sphere pic.twitter.com/XJFQrmB9rX
— Cameron Clark (@Cameron_W_Clark) January 23, 2024
Сепак, ова не ги спречи фотографиите и видеата да продолжат да се шират на социјалните мрежи. Претпоставката е дека тие се создадени со помош на вештачка интелигенција. Една од фотографиите споделена на Тикток собра 9,6 милиони лајкови, 121.000 коментари и беше споделена 118.000 пати.