(Видео) Авион слета на грчкиот остров Скијатос, туристите се фрлаа на земја од што леташе ниско

На интернет се споделува видео од слетувањето на пилот со авионот на Ербас А321 на унгарскиот „Виз ер“. Пилотот пред да слета на аеродромот на Скијатос, летал на само неколку метри над главите на туристите, па некои од нив изненадени се фрлија на земја.

„Ова е најниското слетување што сум го видел. Ова беше чудно, но пилотот заврши одлична работа на крајот. Се прашувам како се чувствуваа луѓето на плажата. Секоја чест за оној кој успеа да фати овој момент толку добро. Штета е што не го видов ова во живо. За малку ќе предизвикаше катастрофа. Ова е опасно. Луѓето имаа среќа. Ова е нешто што ќе го паметам цел живот. биле дел од коментарите.

Видеото досега го погледнале повеќе од милион луѓе и истото стана хит на „Јутјуб“.

За потсетување, аеродромот на Скијатос важи за еден од највиралните во Грција и е место каде пилотите слетуваат многу блиску до плажата, а некои од нив и многу ниско.

Во близина постојат голем број знаци што ги предупредуваат туристите да не се во близина, но и покрај тоа многумина секојдневно се собираат на плажата во близина на аеродромот на островот за да видат, снимаат и фотографираат како слетува авион.

Scroll to Top