Американскиот претседател, Џо Бајден, за малку повторно ќе настрадаше на скалите од претседателскиот авион. Овој пат Бајден имаше среќа. Додека се качуваше на летот за Питсбург, врнеше дожд, а во еден момент тој малку се лизна на една од скалите. Сепак, се задржа на нозете.
Бајден не падна, иако во едната рака држеше торба, а во другата чадор.
„Знам дека луѓето го видеа Бајден како се лизна при качувањето во авионот, но тој не е повреден, ниту му е потребна лекарска помош“, изјавила Кејт Бедингфилд, директорката за комуникации во Белата куќа.
За потсетување, Бајден го привлече вниманието на светската јавност на 19 март кога дури трипати падна на скалите качувајќи се на претседателскиот авион.
Тогаш од Белата куќа порачаа дека Бајден паднал поради силниот ветер што дувал во воената база „Ендруз“, во близина на Вашингтон.