Еден од најдобрите фудбалери на Италија и стрелец на погодокот против Англија во финалето, Леонардо Бонучи, за време на прес-конференцијата со новинарите пиеше и пиво и сок во исто време. Фудбалерот беше во фокусот на сите, откако прво проба од хајнекен-пивото, а потоа отвори и шише кока-кола.
За потсетување, претходно Роналдо и Погба на прес-конференциите на Европското ги тргаа шишињата и им порачаа на своите фанови да пијат повеќе вода.
Прво Роналдо го тргна шишето со кока-кола, а потоа и Французинот Погба го тргна хајнекeн-пивото, кои беа спонзори на Европското. Од компаниите подоцна им порачаа на фудбалерите да не ги тргаат нивните производи.
Winning #EURO2020 is thirsty work 🤤
Leonardo Bonucci spends the first minute of his press conference necking beer and cola 😂pic.twitter.com/AKuYFpCJQ6
— Sun Sport (@SunSport) July 12, 2021