(ВИДЕО) Девојче започнува да танцува секојпат кога ќе го слушне мега хитот „Despacito“

Заразниот ритам на мега хитот „Despacito“ како вирус се пренесува низ телото и ги раздвижува мускулите.

Видео од девојче, кое остава сè и започнува да танцува само што ќе ја чуе популарната песна, го обиколи светот.

Во него, Ниана е прикажана во неколку ситуации, од пазарување во маркет до ручек во ресторан, но без разлика на околностите, таа стапува во акција секојпат кога нејзиниот брат ќе ѝ ја пушти омилената песна.

На крајот од видетото се појавува и нивната најмала сестричка Наталија и започнува да танцува.

Scroll to Top