На социјалните мрежи кружи снимка од една возачка која се обидува да излезе од паркинг-место, за што ѝ биле потребни седум минути.
Се верува дека снимката е направена некаде во Њу Џерси, а ја снимил човек кој седел во своето возило на истиот паркинг.
На снимката се гледа како девојката со крајни маки се обидува да излезе со „форд фокусот“. Освен нејзиното его, настрада и соседната „тојота“, која се најде на погрешно место во погрешно време.