(Видео) Доби микрфон во лице, Лавров се пошегува со новинарите

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров за време на обраќањето на медиумите на средбата со министерот за надворешни работи на Алжир, Абделкадер Месахел, се „поздравуваше“ со микрофонот откако тонецот на една од тамошните телевизии се обиде што поблиску да го постави до Русинот.

На видео-снимката се гледа како еден црн микрофон влегува во кадар се поблиску и поблиску до Лавров, по што рускиот министер се обидува да ја избегне непријатната ситуација со тоа што едноставно го зема микрофонот во раката и почна да се „поздравува“.

Целокупната ситуација предизвикала бурна смеа во салата каде се одвиваше средбата на шефовите на дипломатиите меѓу Русија и Алжир.

Scroll to Top