На социјалните мрежи се шири видео од навидум рутинското пумпање гуми, кое на крајот можеше да предизвика сериозни повреди кај петмина мажи.
Возачот на камион ја однел пукнатата гума кај вулканизер за да ја залепи. Покрај мајсторот и камионџијата, се собраа уште тројца лица.
Додека цревото за пумпање беше закачено за гумата, мајсторот ја стави ногата на гумата, а веднаш потоа дојде до експлозија. Гумата пукна и отскокна неколку метри во воздух. За среќа, никој не е повреден во експлозијата.