(Видео) Додека се смееше, лавот му скокна од позади

Швајцарецот Дин Шнајдер се пошегува со милиони луѓе на социјалните мрежи, објавувајќи снимка на која се гледа како лав му се приближува од позади. Кога сите помислија дека лавот ќе го нападне, тој со прстот му наредува да запре. Моментот го снимил на мобилен телефон.

Дин живее во Јужна Африка повеќе од две години. Тој волонтира во центарот „Хакун Мипак“, каде на повеќе од 400 хектари живеат лавови, зебри, импали, антилопи, хиени и бабуни, кои се наоѓаат на одвоен простор.

Шнајдер за време на престојот успеал да стекне пријателство со голем број жвотни, па дури и со лавовите.

 

 

Scroll to Top