Томислава Петручиќ, докторка по физикална медицина, вработена во болница во Ниш, се снимила себе си во својата работна канцеларија додека игра пред огледалото на музика од Бритни Спирс.
Видеото бргу се рашири на социјалните мрежи. Петручиќ танцува на песната My preogative од популарната пејачка, која првично беше испеана од Боби Браун.
Бритни пее за тоа како таа има право да прави што ќе посака. Видеото постојано се отстранува од социјалните мрежи, но српските граѓани го објавуваат одново.