Француската претставничка Ла Зара го покажа средниот прст за време на гласањето на Евровизија. во моментот кога дознала дека добила само 50 гласови од публиката, пејачката го покажа прстот.
Нејзината реакција стан хит па Ла Зара реши да се оправда и рече дека тоа било гест на разочарување поради фактот што нејзината песна „Évidemment“ освои само 104 поени и заврши на 16-тото место.
🇫🇷🎤FLASH – La chanteuse La Zarra qui représentait la France lors de l’Eurovision ce soir a adressé un doigt d’honneur en découvrant les points du public. (témoins) pic.twitter.com/BiJor7nrf7
— AlertesInfos (@AlertesInfos) May 13, 2023
„Тоа не е негативен гест, напротив, тоа е само гест на разочарување којшто го користиме меѓу пријателите. Секако дека сме разочарани, толку многу работевме. Истовремено, тоа е голем извор на гордост, затоа што направивме многу добар настап“, рече Ла Зара за БФМТВ.
Пејачката одлучи да не го чека прогласувањето на победникот во салата во Ливерпул. Била снимена како излегува додека Шведска и Финска ги чекале резултатите. За потсетување Ла Зара беше меѓу фаворитите за освојување на овогодишната Евровизија, а се претстави со песната „Evidemment“.