(Видео) Го фрлил „мерцедесот“ затоа што не сакал да го носи на сервис

Рускиот јутјубер Игор Мороз, го закачил својот „мерцедес-бенз АМГ Г63“, вреден 250.000 евра за хеликоптер и го фрлил од 300 метри височина. Игор вели дека му здодеало да го носи скапиот теренец на сервис и затоа сакал да се ослободи од него.

На аеродром во Петрозаводски полетал со хеликоптерот, а целиот настан го снимил со камера и го објавил на „Јутјуб“. Мороз во Русија е познат како „пранкстер“ и тој често своите видео клипови ги објавувал на социјалните мрежи. Овој настан го искористил да стекне уште поголема популарност.

Мороз изјавил дека и продавачот од каде го купил мерцедесот, во неколку наврати одбил да му ја призне гаранцијата.

Scroll to Top