(Видео) Го хипнотизирала касиерот и му ги земала парите од касата

Во околината на Москва во супермаркет се случил необичен грабеж. Продавачот по грабежот тврдел дека една жена го хипнотизирала, а потоа му украла 17.000 рубљи, околу 230 евра.

На снимката се гледа како жената внимателно ги извадила  ситните парички, ги избројала, а потоа ги вратила назад во новчаникот. Во тој момент настанал пресврт. Касиерот земал дел од парите од касата и ги дал на жената. Тоа што е најинтересно е што продавачот тврди дека воопшто не се сеќава на ваквиот потег.

Спорниот момент трае околу 10 до 15 секунди, а работникот вели дека не зане што се случувало со него во тие моменти. Тој бил изненаден кога се видел себе си на снимката.

Недостатокот на пари во касата, несреќниот работник морал да го надополни од својот џеб.

Scroll to Top