(Видео) Го игнорираше предупредувањето за подигање на мостот

Една жена од американската сојузна држава Висконсин е снимена како на велосипед минува меѓу спуштени бариери на мостот, кој во тој момент се подигнувал. Мислела дека ќе успее да премине преку мостот пред истиот во целост да се подигне.

37-годишната жена возела околу 10 часот вечерта. Таа го занемарила предупредувањето и решила да мине по секоја цена. Обидот бил снимен од страна на безбедносните камери.

Жената се залетала, но паднала во просторот што во тој момент се отворил пред неа. Се здобила со повреди на лицето. Надлежните велат дека можела да мине многу полошо доколку не ја забележал работникот на мостот.

Тој предупредил да се прекине со подигањето на мостот додека несреќната жена не биде извлечена.

Снимката од безбедносните камери била објавена од Одделението за транспорт на сојузната држава Висконсин.

 

Scroll to Top