Низ социјалните мрежи се појави видео од детски фудбалски натпревар во Велс, на кој едно од децата на теренот, кој требаше да брани, не беше премногу заинтересиран за мечот.
За разлика од него, неговиот преамбициозен родител цело време го притиска и го тера да направи нешто, што веројатно за детето не е премногу важно.
Тој силно го турна на земја, за да спречи погодок на противникот. Од прв пат му успеа, затоа што детето падна пред топката, но таа се одби до противничкиот играч, кој лесно потоа постигна гол.
Таткото само разочарано одмавна со рацете. За едни лица на социјалните мрежи, ваквата постапка била смешна, додека други го осудија ваквото однесување на таткото.