(Видео) Голман излезе на центарот на терен и го збуни колегата на другиот гол

Фудбалерите на Астон Вила го изненадија Манчестер јунајтед во 13 коло во Премиер лигата и во Бирмингем му донесоа тежок пораз на фаворитот. Тие го победија со 3:1. Уште во 11. минута резултатот беше 2:0 за домашниот тим, а мечот најмногу остана запаметен по реакцијата на голманот Емилијано Мартинез.

Навивачите на Астон Вила го споделија видеото направено од трибините од Аргентинецот. Кога домаќините требаа да изведат слободен удар од опасната зона, Мартинез дојде дури на противничката половина и ги местеше своите фудбалери во казнениот простор. Тогаш искусниот Лукас Дигне даде гол од слободен за 2:0.

Иако Мартинез успеа да го збуни својот колега од спротивниот гол Шпанецот Давид де Геа, сепак многу од навивачите сметаат дека не е многу паметно голманите да излегуваат на противничката половина.

Scroll to Top