Градоначалникот на белгискиот град Антверпен, Барт де Вевер, бил фатен во незгодна ситуација за време на едно онлајн-интервју. Водителката забележа дека не носи панталони.
„Носите убава кошула, веројатно сте ја избрале специјално за нас. Но, под кошулата, дали тоа е вашата долна облека“, го запрашала новинарката Ким Дебри градоначалникот.
Вевер не забележал дека седел спроти огледалото и дека камерата можела да види сè на него.
„Не забележав. Лошо ја почнав годината. Овој момент долго ќе го паметам“, изјавил тој.