(Видео) Градоначалник фатен без панталони додека давал интервју

Градоначалникот на белгискиот град Антверпен, Барт де Вевер, бил фатен во незгодна ситуација за време на едно онлајн-интервју. Водителката забележа дека не носи панталони.

„Носите убава кошула, веројатно сте ја избрале специјално за нас. Но, под кошулата, дали тоа е вашата долна облека“, го запрашала новинарката Ким Дебри градоначалникот.

Вевер не забележал дека седел спроти огледалото и дека камерата можела да види сè на него.

„Не забележав. Лошо ја почнав годината. Овој момент долго ќе го паметам“, изјавил тој.

Scroll to Top