(Видео) Им нема крај на гафовите на Бајден, претседателот ги збуни сите кога говорот го заврши со „Боже спаси ја кралицата“

Американскиот претседател Џо Бајден направи нов гаф за време на посетата на кампусот на Универзитетот Хартфорд во Конектикат, кога на крајот во неговиот говор рече „Боже чувај ја кралицата“.

„Њујорк пост“ го контактираше за коментар Тод Гилман, репортерот на Dalas Morning News, кој беше присутен за време на настанот.

„Неколку од вас ме прашаа зошто го кажа тоа. Навистина немам поим. Останатите новинари кои беа таму, исто така, немаат поим зошто го рече тоа“, рече Гилмен.

Оливија Далтон, заменик портпарол на Белата куќа, за медиумите изјави дека коментарот на Бајден се однесувал на некој од толпата, не додавајќи други детали.

За потсетување, „Боже чувај ја кралицата“ беше насловот на британската национална химна се до смртта на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година. Откако нејзиниот син кралот Чарлс III го наследи британскиот престол, линијата беше променета во „Бог Спаси го кралот“.

Scroll to Top