Познатата британска ѕвезда на реалното шоу Ејми Кристоферс, која во меѓувреме стана спортска новинарка, се најде во непријатна ситуација за време на емисија во живо. Додека земаше изјава од гледачите на трка со коњи во Беверлија еден од нив ја удри по задникот.
Таа ги замоли за изјава да ѝ ги опишат најубавите моменти од трката, по што еден од нив почна да имитира како јава коњ, а потоа ја удри по задникот. Новинарката, иако беше шокирана, продолжи како ништо да не се случило.
Откако гледачот ѝ кажа на Ејми видеото да го сподели на социјалните мрежи, таа ги повика колегите од „Дејли мејл“ да ја споделуваат снимката на интернет.
View this post on Instagram