(Видео) Камерман сними тенисерка додека се пресоблекуваше на УС Опен

Камерман на „УС Опен“ ја снимаше полската тенисерка Ига Швјонтек, додека се пресоблекуваше. Светската тенисерка ја сними пред полуфиналниот натпревар со Арина Сабаленка во Њујорк. Заради тоа се најде на удар на голем број луѓе. Но, имаше и такви кои го бранеа.

Некои напишаа дека можел да ја сврти камерата на друга страна, а некои побараа и да добие отказ. Оние кои застанаа зад него, објаснија дека само си ја вршел работата и дека не направил ништо лошо, а и дека тенисерката кога била во кадар се пресоблекувала на самиот терен.

Ига во моментов е прва тенисерка во светот и по победата над Сабаленко ќе се бори за втората гренд слем титула. Во 2020 година го освои „Ролан Гарос, а во пресрет на финалето со Онс Жабер од Тунис, не сакаше многу да зборува за спорниот кадар.

„Онс има напредувано доста многу. Играше во финалето на Вимбелдон сезонава, а мечевите со неа секогаш се неизвесни. Ќе биде тешка борба“, рече Онс.

Scroll to Top