Пејачката Јелена Карлеуша, која вчеравечер имаше концерт во Охрид, објави видео како паѓа во хотелската соба додека се спрема за настапот. Облечена во тесен костум и високи потпетици, таа вежба кореографија за една од нејзините песни, но се сопнува и паѓа.
Видеото е хит на социјалните мрежи и се споделува со коментар дека „само вистинска ѕвезда би објавила вакво видео“.
Карлеуша дојде во Охрид со приватен авион и откри дека ова ѝ е прв концерт во низата што ќе ги одржи по почетокот на пандемијата.