(Видео) Кога природата ќе повика: Од Линекер и Ана Ивановиќ, до Серхио Рамос

Серхио Рамос е топ тема во шпанските медиуми, откако на вчерашниот дуел во Еибар, едноставни исчезна од теренот на пет минути. Подоцна тренерот Зинедин Зидан на новинарите им објасни дека капитенот морал да оди во тоалет.

Случајот на Серхио Рамос е интересен, но не и еднинствен во светот на спортот. Во минатото многу спортисти се соочиле со сличен проблем, но што ако ситуацијата на спортоското борилиште не го дозволува тоа. Што тогаш ?

Некои „успеале“ да го решат проблемот и останале запаментени по тоа.

На Олимписките игри во Рио де Жанеиро, атлетичарот Јоан Диниз буквално „ги наполи гаќите“ за време на трката во брзо одење. Камерите го регистрираа тоа.

Гери Линекер, легендарниот англиски голгетер, на Светското првенство во 1990 година за време на дуелот помеѓу Италија и Англија решил да се „олесни“ на теренот, а случката ја открил во интервју за Би би си.

Славниот и контроверзен германски голман Јенс Леман морал да унирира зад рекламите за време на натпревар во Лигата на шампионите.

Тенисерката Ана Ивановиќ без дозвола на судијата заминала во тоалет, а кога се вратила на теренот била санкционирана со четири поени. Еден поен за секои 20 секунди. На крајот била поразена.

Ниту атлетичарката Пола Редклиф не можела да се воздржи во 2005 година, исто како и тријатлонката Џули Мос за време на финална трка.

Scroll to Top