Еден дечко од Аризона се нашол во проблеми по глумењето дека е киднапиарн со цел да избегне одење на работа.
Полицијата неодамна добила дојава за маж кој лежи со врзани раце на грбот. Веднаш е испратен полициски автомобил, кој набргу известил дека нашле машко лице, кое било врзано на улица.
„Жртвата е идентификувана како 19-годишен маж, кој рекол дека го киднапирале две маскирани лица. Според неговите наводи, тие го удриле во главата и по тоа, тој се онесвестил и се разбудил таму каде што бил пронајден“, пренесува „Одити централ“.
Полицијата извести дека е спроведена темелна истрага и пронајдени се докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање, ниту напад.
Дечкото признал дека сето тоа го измислил за да избегне одење на работа.