(Видео) Лизгајќи се со возилото, ќе го прегазеше полицаецот

Американски возач од сојузната држава Висконсин за малку ќе прегазеше полицаец на автопат откако претходно целосно изгуби контрола над своето возилото. Замрзнатиот и снежен пат му направи големи проблеми на возачот кој во еден момент можеше да го прегази службеното лице.

Полицаецот со име Џенсон Фабри излегол од службениот автомобил за да му помогне на возачот кој претходно излетал од патот. Во тие моменти кон него друго возило излизга на патот.

Целиот настан бил забележан од камерата во полициското возило, но, за среќа, Џенсон се тргна на време и избегна да биде удрен. Снимката била објавена на социјалните мрежи од страна на полициските служби, како предупредување до останатите возачи да внимаваат додека возат по снежите и лизгави коловози.

Scroll to Top