(Видео) Мајка со ќотек ја избрка ќерка ѝ додека се забавуваше во ноќен клуб

Во Перу во градот Пакасмајо, се случил несекојдневен настан, откако една жена ја извадила ќерка си од ноќен клуб и со ќотек ја избркала од таму. Моментот го снимил еден од посетителите на мобилен, а на видеото се гледа како мајката ја удира ќерка си со ремен по нозете.

Мајката упаднала додека тинејџерката се забавувала. Таа претходно не ѝ дозволила да излезе, а дополнително се налутила кога ја видела како пие пиво. Голем број од коментаторите застанале во одбрана на мајката наведувајќи дека децата мора да си ги почитуваат родителите.

Имаше и такви кои сметаат дека таа претерала со реакцијата и немало потреба да ја доведе ќерка си таква непријатна ситуација.

Scroll to Top