Теона Сима од Скопје, презентираше вести за „Би-би-си“ и на забавен начин известуваше за состојбите во светот. Вестите ги презентираше на осум јазици и за секој од нив акцентот го користеше совршено. Видеото насмеа голем број од фановите.
Прво почна на српски јазик: „Добровечер во дневникот на РТС, јас сум Ана Стојановиќ, ова се најважните вести на денот“, а потоа продолжи на шпански: „Државната метеоролошка агенција активираше портокалово предупредување поради високите температури и топлотниот бран“.
„Во живо за BBC News ја имаме Теона Сима, која беше испратена во Скопје за да известува за ситуацијата. Теона, дали се слушаме?“, рече Теона со совршен британски акцент. По кратката пауза продолжи повторно, но овој пак како да има проблеми со приемот на звукот.
„Така е Таци, во моментов се јавуваме во живо од Управата за хидрометеоролошки работи, каде што надлежните потврдија дека ќе се вариме уште 20 години. За Сител телевизија, Теона Сима“, вели таа.
За потсетување, неодамна зборуваше македонскиот јазик со различни акценти. Покрај шпанскиот, англискиот, македонскиот и српскиот, Теона одлично зборува и турски, француски и бугарски. Видеото го заврши имитирајќи ја грчката презентерка на временската прогноза, Елени Цолаки.
Додека кажуваше какво ќе биде времето во земјата, Теона пееше, играше и скокаше во утринската емисија.
View this post on Instagram