(Видео) Маж ја фатил сопругата со свештеник среде секс

Маж од Бразил ја фатил сопругата со свештеник среде секс. Тој ги фатил додека двајцата биле во мотел, но ѝ простил уште истиот момент кога го слушнал нејзиниот изговор. Видеото снимено во мотелот во Кампо Грандеа брзо се рашири на интернет.

Бразилските медиуми пренесоа дека и тројцата биле свештеници на евангелистичката црква. Жената сакајќи да му се оправда на сопругот му рекла дека Сотоната ја натерал да направи таков грев.

„Ни го уништи семејството. Ти си пастир на ѓаволот“, прво ѝ викал тој на неа, а потоа откако се смирил, како вистински христијанин ѝ простил, пренесоа медиумите.

Рече дека со неа бил 21 година во брак, а објасни и зошто ѝ простил.

„Кој нема направено грев, нека го фрли првиот камен. Сите грешиме и мислам дека не сме единствените кои се виновни за тоа, сите сме ние жртви на Сотоната“, рече мажот.

Scroll to Top