(Видео) Милионер ја посрамоти свршеницата среде веридба кога им откри на гостите дека знае за љубовникот

Милионерот Масимо Сегре (64) ја посрамотил девојка си Кристина Сајманди за време на веридбата во неговата вила во Торино во Италија, кога на гостите им откри дека знае за нејзиниот љубовник, кој бил негов добар пријател.


„Сакам да ѝ дадам слобода на Кристина да љуби. Поточно, да сака друга личност ценет адвокат, кој ѝ е поважен од мене. Драга Кристина, јас знам колку си вљубена во него, а знам и дека пред него, си имала врска со мој познаник“, рече Сегре пред гостите.

Потоа почна да покажува фотографии од Кристина со други мажи.

„Немојте да мислите дека ми е драго што испаѓам будала пред сите вас. Срцето ми е скршено“, рече Сегре, па и предложи на Кристина да го однесе љубовникот на Миконос и дека патувањето веќе им било платено. Кристина е директорка на некои од неговите фирми, па ја обвини и за кражба на финансиски средства. Кристина за „Тајмс“ рече дека ќе го тужи за клевета.

Scroll to Top