(Видео) Момче украде скапи чанти од продавница на „Луј Витон“, па додека бегаше се удри во стаклото од излогот

Седумнаесетгодишно момче се повреди додека се обидуваше да избега од продавница на „Луј Витон“ во Сиетл од каде украде брендирани чанти, кои чинат и по 18.000 долари. Крадецот стана хит откако видеото од безбедносната камера се објави низ медиумите.

Момчето удри во стаклениот излог, а потоа одма беше совладан од обезбедувањето и уапсен. Неговиот идентитет не е познат, но медиумите пренесоа дека станува збор за малолетник кој бил дел од криминална организација која во изминатиот период често ограбува продавници со луксузни брендови.

Медиумите пренесоа исто така дека по инцидентот одма бил однесен во болница, а потоа пуштен дома во придружба на родителите.

Scroll to Top