Љубителите на автомобили деновиве беа насмеани од страна на еден возач од Црна Гора, кој на чуден начин решил да ја провери стабилноста на својот автомобил.
На јутјуб-каналот, каде што било споделено видеото, се развила дискусија за тоа кој модел е во прашање, а подоцна и коментари за тоа дали возачот бил свесен каква штета можел да очекува по акцијата што ја извел. Авторот на снимката тврди дека е во прашање „бмв XX6“, но повеќето сепак сметаат дека станува збор за моделот „мерцедес гле“.
Вистината е дека моделите и на двата германски гигантa се слични.
Дали возачот сакал да ги провери перформансите на својот миленик во несекојдневни услови или брановите сепак го изненадиле останува непознато.