(Видео) Мотоциклист пишува пораки на мобилен додека вози со 80 километри на час

Се појави снимка на социјалните мрежи на која може да се забележи како мотоциклист на автопат во Велика Британија пишува пораки на мобилен телефон додека вози.

Момчето возело по средната лента, па на видеото се забележува како возилата го преминуваат од двете страни.

Во коментарите на видеото е напишано дека мотоциклистот возел со 80 километри на час. Многумина го осудија ваквиот потег на мотоциклистот, кој очигледно сметал дека не постои можност да се преврти поради рамниот пат.

 

Scroll to Top