Откако песната Flowers на Мајли Сајрус стана светски хит, на Инстаграм се појави видео направено од стари слики на Александар Вучиќ кои одлично се вклопуваат во стиховите на песната. Па така, српскиот претседател e сам на улица со букет цвеќе во раката, држи прес-конференција на која зборува со часови, пишува порака на песок, танцува среде телевизиска емисија, сам се држи за рака, а се огледува и во стакло додека во позадина оди стихот „можам да се сакам себеси подобро отколку што ме сакаш ти“.
Видеото предизвика топ-реакции на социјалните мрежи и има преку 110 илјади лајкови. „Колку повеќе го гледам, посмешно ми е“, „Вучиќ е непресушен избор на инспирација“, „Отсекогаш си бил доволен сам на себе“, „Умрев од смеење од видеово, па од ова може да се рикне“, „Ќе се израдува Вучиќ кога ќе го види, гарант“ се дел од коментарите.
View this post on Instagram