(Видео) Најсмешни новинарски гафови за месец ноември

News Be Funny направи нова компилација од смешни и бизарни новинарски незгоди кои го одбележаа месец ноември.

Во видеото можат да се забележат збунети водители и водителки кои додека оди најавата, имаат проблем да го изговорат соодвениот збор.

Метеоролозите додека ја пренесуваат временската прогноза, мораат да се извинат на гледачите поради незгодите со кивањeто во живо.

Оние кои се на терен и самите се ставаат во улога на учесници во настанот, па поради желбата на гледачите да им ја уловат посликовито ситуацијата, им се случуваат незгоди.

Таков е случајот со новинарката, која додека известува истовремено ѝ лизга на теренот, а на крајот губи рамнотежа и паѓа на мразот.

 

Scroll to Top