Откако Талибанците влегоа во Кабул, главниот град на Авганостан, на социјалните мрежи се појавија видеа како некои од нив се забавуваат во Луна парк. Со оружје во рацедте, тие се возат на количките во забавниот парк и на рингишпилот со коњи, а има и такви што скокаат на трамболина.
„Талибанците ја преземаа контролата во Луна паркот во Кабул“, пишува на Твитер.
🇦🇫 #Afghanistan : les #talibans ont pris le contrôle d’un parc d’attractions à #Kaboul. (témoins) pic.twitter.com/BukACDf5v2
— Mediavenir (@Mediavenir) August 16, 2021
Коментарите за однесувањето на Талибанците се различни. Некои мислат дека тоа е многу застрашувачки и дека потсетуваат на диви животни со маски на обични луѓе, а други на шега пишуваат дека Талибанците се отпорни на Ковид-19, па сега вежбаат како да се снајдат со кола во сообраќајот.
„Изгледа сè што сакаа се бесплатни возења во Луна парк“, коментираат на интернет.
It seems all they wanted was free rides at the theme park #Taliban pic.twitter.com/qh00uk96UK
— Shakib Noori (@shakibnoori) August 16, 2021
За потсетување, на 14 август Талибанците го зазедоа Мазари Шариф, последниот голем град на северот на Авганистан кој сè уште го контролираше владата. Следниот ден тие влегоа во главниот град Кабул и без борба ја презедоа претседателската палата, откако претседателот претходно избега од земјата.
pic.twitter.com/Q58wbVXP3N
Azy j’arrête— LaMaroquinerie 🇲🇦 (@HossamBoutros_) August 16, 2021