(Видео) Новинарка се посрамоти, сакајќи да го бакне директорот на клубот

Шпанска новинарка се најде во непријатна ситуација за време на натпреварот од шпанскиот куп меѓу Барселона и Валенсија. Новинарката стана цел на потсмев на социјалните мрежи откако директорот на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија, Матејо Алемани, ја откачи по дадената изјава.

Новинарката сакаше да го бакне во образ, а Алемани замина на теренот да ја прослави победата со фудбалерите. И покрај непријатната ситуација во која се најде новинарката, таа на крајот професионално продолжи да го врши преносот во живо. Валенсија го доби натпреварот со 2:1.

Scroll to Top