Свештеници на Тајланд посвоиле обезглавена кокошка, која и по недела дена откако останала без глава и понатаму е жива.
Неверојатната приказна е откриена во округот Муеанг Рачабури во центарот на Тајланд, а ветеринарот кој прво се грижел за неа ја нарекол вистински војник.
Иако нема глава, оваа кокошка има заштитник кој ја храни и негува за да остане колку е можно подолго, жива. Ветеринарот ја хранел со вбризгување на храна директно во вратот, а на ист начин и ги давал и антибиотиците.
Не е јасно како оваа кокошка останала без глава, но локалните жители ја изнесуваат можноста дека можеби била нападната од некое животно.
Колку е познато, кокошката која преживеала најдолго без глава била Мајк, а живеела во Јута во Америка. Таа живеела 18 месеци откако ја изгубила главата, од 1945 до 1947 година.