(Видео) Падна на првото прашање во квизот „Милионер“

Квизот „Кој сака да стане милионер?“ почнал повторно да се емитува во Велика Британија поради што во центарот на вниманието повторно дојде една од најлошите натпреварувачки во историјата на квизот. Девојката во квизот паднала на првото прашање.

Иако водителот ѝ дал нова можност, таа и понатаму самоуверено го избирала погрешниот одговор.

„Кој од понудениот накит не ја симболизира врската меѓу двајца луѓе?“, ѝ го поставил водителот првото прашање.

Понудените одговори биле свршенички прстен, прстен за годишнина, венчален прстен и бургер. Витни одговорила „прстен за годишнина“.

 

„Ќе изберам прстен за годишнина иако бургерот звучи интересно“, одговорила таа самоуверено.

Иако водителот ѝ дал и втора шанса и суптилно ја исправил, Австралијката ја игнорирала помошта и го потврдила својот одговор.

Кога ѝ рекол дека е погрешен одговорот и дека точниот одговор е бургер, натпреварувачката останала во шок.

 

Scroll to Top