(Видео) Политичар во Мексико излезе од ковчег ѝ испрати порака за големиот број починати од коронаворусот поради негрижата на властите

Карлос Мајорга, кандидатот на локалните избори во Мексико, својата политичка кампања ја почна пред неколку дена. Тој излезе од ковчег за погреб и на тој начин испрати порака за прекин на насилството во градот Хуарез, како и големиот број починати од коронавирус.

Овој град, поради пандемијата и негрижата на актуелните власти, го доби епитетот град на мртвите. Мајорга на предизборниот собир, кој се одржа на мостот меѓу мексиканскиот пограничен град Хуарез и Ел Пасо, во Тексас, пристигна во ковчег.

Го следеа неговите соработници, облечени во заштитна медицинска опрема, а во рацете носеа букет цвеќиња. На тој начин тие се обидоа да го свртат вниманието на жртвите од коронавирусот, што во оваа земја ја надмина бројката од 200.000.

„Својата политичка кампања одлучивме да ја почнеме од ковчег и на тој начин да им испратиме порака на политичарите дека тука луѓето умираат поради нивната индиферентност. Истите тие што молчеа и претходно поради високата стапка на организиран криминал, молчат и сега кога се соочени со хаотична ситуција поради Ковид-19“, изјавил Мајорга.

Градот Хуарез се наоѓа во северната држава Чивава, на границата со САД. Тој се наоѓа во округот во кој се кандидира Мајорга и е еден од деловите на Мексико кој е најпогоден со криминал.

Илјадници кандидати за пратеници, гувернери и градоначалници ја почнаа кампањата за изборите што ќе се одржат во јуни. За сериозноста на ситуацијата за која предупредува Мајорга, покажува и фактот дека досега се убиени 16 кандидати во кампањата.

 

Scroll to Top