Видео од жена како ѝ се лепат влечките додека ја минува улицата се шири на „Тик-ток“. Мажот мораше да ѝ помага и да ѝ ги одлепува. Влечките ѝ се лепеа поради на жешкиот асфалт поради енормните горештини кои деновиве ја зафатија планетава.
Видеото е снимено во Холандија на 19 јули годинава, а како што пренесоа некои од медиумите, температурите достигнале и до 40 степени Целзиусови.
„Повеќето од луѓето не се подготвени за вакво време. Ова не е ништо. На Балканот измерени се и до 50 степени. Земјата гори“, биле само некои од коментарите на фановите.
@z.isokey #hot #toohot #nederland #tropical ♬ origineel geluid – Tik Toker