Додека Американците го очекуваат крајниот исход од резултатите на претседателските избори, на програмата на „Си-ен-ен“, се појави знакот на „Порнхуб“.
Голем број на твитерџии го споделија видеото од моментот во кој, додека водителите зборуваа и анализираа, на еден од екраните се појави знакот со еротска содржина. Многума се шегуваа на социјалните мрежи во пресрет на прогласувањето на победникот.
Некои од твитерџиите пак сметаат дека снимката е лажна, односно монтирана, но сепак повеќето мислат дека е веродостојна и дека станува збор за уште еден во низата гафови на „Си-ен-ен“.