Претседателката на една општина во градот Сантијаго во Чиле, Евелин Матеј, трчала по целиот град во обид да им побегне на новинарите. Таа не сакала да даде одговор на прашањата во врска со тамошните протести.
Во земјата изминатите неколку недели се водат големи протести, а Матеј ги критикувала постапките на владата за тоа како таа се справувала со кризата, пренесува „Си-Ен-Ен“.
„Побегна. Не сакаше да разговара. За среќа ние бевме во добра физичка кондиција“, изјавил новинарот и дописник од локалниот канал Мега.
Неколку секунди подоцна, Евелин забави и им дозволи на новинарите да постават прашање. Една од одликите на политичарите ширум светот е понекогаш да ги избегнуваат незгодните прашања од новинарите, но многумина во коментарите на социјалните мрежи се шегуваат дека Евелин успеала да ги надмине сите нив.
CORRIDA DE EVELYN MATTHEI CON MÚSICA DE HE-MAN DE FONDO , SU RIVAL: PAREMAN #MATTHEI #EVELYN #PROVIDENCIA #PAREMAN pic.twitter.com/vZo4wseUbu
— Javier GajardoLimarí (@javiergajardol) November 7, 2019
Un poco de ejercicio siempre es bueno para comenzar la mañana. La carrera contra la destrucción y el vandalismo la ganaremos y junto a @Muni_Provi pondremos nuevamente de pie a #Providencia pic.twitter.com/QjO06ePd0R
— Evelyn Matthei (@evelynmatthei) November 7, 2019