Американката Шана од Тексас, која била вработена во супермаркетот „Валмарт“, решила преку разглас да ги извести сите дека ќе даде отказ, а приликата ја искористила и да ги навреди шефовите. Шана сакала на сите да им објасни зошто си заминува и го напушта работното место.
„Здраво на сите клиенти, сакам да кажам дека конечно се откажувам од токсичната работа што ме доведе до очај во последната година и седум месеци“ изјавила Шана.
Таа ги нарече нејзините менаџери, колеги и шефови дека се расисти кои ги малтретираат своите вработени.
„Машките колеги се и перверзни. Се надевам дека не разговарате така и со вашите ќерки“, изјавила Шана.
Таа имаше навредливи зборови за сите освен за една нејзина колешка.
„Секоја чест за Ариел. Те обожавам и ти благодарам што ми ја даде оваа работа, кога ми беше најпотребна“, рече Шана.
Finally quit my toxic job that was making me absolutely miserable for a year and seven months. Fuck Walmart. pic.twitter.com/CHtXASwVDy
— shana (@shanablackwelll) October 31, 2020