Мајк Филан поранешниот помошник на тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се исплашил дека ќе добие отказ затоа што на мечот против Челзи во 2008 година, пукна балон со ногата и ги исплаши сите на клупата.
„Мислам дека тоа беше еден од најважните моменти во мојата тренерска кариера. Станав познат на интернет поради таа сцена. Сепак бев исплашен дека можам да добијам отказ по таквиот мој потег“, изјавил Филан во едно од своите интервјуа.
Филан по мечот на Стенфорд Бриџ стана популарен, а искусниот фудбалски работник, не само што не доби отказ од Фергусон, тој сеуште е на клупата на „црвените ѓаволи“ и како помошник на Оле Гунар Солскјер. Солскјер беше поранешен играч на Манчестер и многупати се покажа како клучен играч во натпреварите.
Најголем допринес веројатно му е голот кој го постигна на мечот во Лигата на Шампиони во финалето против Баерн Минхен во 1998 година, кога на Фергусон и останатите играчи им го донее европскиот пехар.