(Видео) Русите ја ставија Колинда во спот

Рускатa пејачка Алина Закхарова направи песна и видеоспот кои ги посвети на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

„Нежно ќе се мазиме на дождот“, пее Алина, а за видеоспотот ги искористи и фотографиите на Колинда направени во Москва за време на Мундијалот.

„Колинда воодушевува и деновите ги претвора во празници. Без Колинда не можеме да имаме одмор“, продолжува руската пејачка.

 

Scroll to Top