(Видео) Сакам само стомакот да ми биде полн и рече младоженецот на невестата додека ги читаа заветите

Фотографот Џонатан Пажаке споделил фотографии и видеа од венчавката на Мајкл Лентини со неговата девојка Дестни. Тој рече дека не можел, а да не открие што се се случувало додека ги давале заветите. Рече дека Мајкл додека стоел пред мајка му која го однела до олтарот, читал за неговиот сексуален живот.

„Кога ова ми го кажа младоженецот пред венчавката, знаев дека нешто ќе тргне на лошо“, рече Џонатан.

Мајкл додека стоел на чело на олтарот со сопругата Дестни, почнал да го чита заветот и рекол:
„Само две работи ми се потребни за да бидам среќен, да ми е стомакот полн и јајцата празни. Иако си неверојатна во една од тие работи, навистина морам да ти дадам неколку лекции за готвење“.

@lensculture You’re not gonna believe what he said in his vows! #weddingvows #groomsvows #ohhno #brideandgroom #weddingbloopers #weddingceremony #vowsgonewrong ♬ Full Heart Empty Balls – Jonathan Pajak

„Дури и кога стомакот не ми е полн, не постои никого кого би можел да го сакам повеќе во живот, освен ако не добијам можност да ја запознаам Марго Роби. Од почетокот сите ми зборуваа дека животот станува подобар кога децата ќе заспијат, а ти ми викаш да дојдам во спалната соба“, продолжил Мајкл.

Потоа ги опишал некои експлицитни сцени кои се случуваат зад затворени врати, а на крајот додал:

„П.С. Бидејќи си толку добра во носењето одлуки, како оваа да се омажиш за мене, можеш да одбереш дали вечерва ќе завршиш како тостирана штрудла или Твинки“.

Мајка му брзо реагирала и викнала пред гостите. „Со оглед на тоа дека сум му мајка, со него ќе се позанимавам подоцна. Ќе биде казнет во секој случај“.

@gemma2e #duet with @Jonathan Pajak #weddingvows ♬ Full Heart Empty Balls – Jonathan Pajak

Многумина биле шокирани од видеото и во коментарите го споделиле своето мислење за неговите завет. „Ова е толку без никаква почит кажано на денот на венчавката, пред пријателите и семејството. Јас одма би го оставила. Не ова е одвратно, не му требаше. Дали навистина тоа го кажа пред семејството, пред мајка му?“, биле само некои од коментарите.

Сепак на Дестни и се допаднал неговиот завет и рече дека бил смешен и немала ништо против тоа.

„Заедно сме веќе 10 години и одлучивме да се венчаме пред нашата 10 годишнина. Тоа нема да се смени“, рече Дестни.

 

Scroll to Top