(Видео) Се расправаа кој да шутира пенал

Интересен момент можеше да се забележи на средината на второто полувреме за време на пријателскиот меч меѓу „Ливерпул“ и „Борусија Дортмунд“.

„Ливерпул“ во тој момент водеше со 1:0 кога „Борусија Дортмунд“ во 66. минута доби пенал.

Топката ја зема Марио Геце, но многу бргу му се доближи Кристијан Пулишиќ, му ја украде топката и погоди за 1:1.

Американецот со хрватско потекло беше играч на мечот затоа што и во 89. минута направи целосен пресврт, а во 93. минута точка на мечот стави Ларсон постигнувајќи го третиот погодок за Германците.

Scroll to Top