(Видео) Седнала зад волан, а го заборавила синот на покривот на автомобилот

Австралијанката Ерика Шардфорт останала без возачката дозвола, откако полицијата и ја одзела затоа што го заборавила нејзиниот полугол син на покривот од автомобилот додека возела со брзина од 97 километри на час.

Мирор пишува дека Ерика возела 18 минути несвесна дека нејзиниот четиригодишен син се наоѓа на кровот од возилото. Еден од сведоците изјавил дека момчето во еден момент изгубило рамнотежа и за малку ќе паднело.

На крајот, мајката го запрела возилото и го ставила детето на задното седиште на автомобилот, каде што веќе седеле неговите брат и сестри. Сепак, детето кое било само во долна облека не седело на автостолче.

Мајката се појави во судот во Перт, Австралија, каде што објаснила дека не била свесна дека нејзиниот син е на покривот на автомобилот.

Нејзиниот адвокат изјави дека била под голем стрес бидејќи се грижи за шест деца на возраст од 5 месеци до 9 години. Ерика добила тримесечна забрана за возење и мора да плати парична казна од 747 евра.

Scroll to Top