(Видео) Шиме Врсаљко и компанија со „фиат панда“ на снег низ Мадрид

Викендов во Шпанија падна многу снег, а особено погодени се Мадрид и околината. Зимски гуми таму не постојат, па во сообраќајот настана тотален хаос. Едни од оние што успеаја да привлечат внимание со тоа како го решиле проблемот се фудбалерите на Атлетико, кои тргнале на тренинг со автомобил стар 20 години.

Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко објави фотографија на „Инстаграм“ од „фиат панда“, со која тој заедно со уште тројца фудбалери дошле на тренинг. Во автомобилот се возеле Јаник Фереира Караско, Томас Лемар, Марио Хермосо и Шиме Врсаљко“.

Фотографијата не само што привлече внимание како симпатичен потег, туку и коментарите дека  скапите автомобили во вакво време се чуваат во гаража затоа што на патиштата условите се навистина лоши.

Фудбалерите чекаа пет часа во авионот за да полетаат, а на крајот пилотот се откажа од летот, а поради снегот, се одложи и фудбалскиот напревар.

Scroll to Top