Еден маж ја одведе љубовницата во кино мислејќи дека неговата сопруга никогаш нема да дознае за тоа, но се излажал. Снимката објавена на „Тик-ток“, која го обиколи светот и насмеа 20 милиони луѓе, настанала во Колумбија. Како што пренесуваат медиумите, Колумбиецот имал намера да помине една вечер со љубовницата додека неговата сопруга била дома. Тој ја одвел во кино мислејќи дека таму, поради темната сала, нема да сретне никој познат или некој да го препознае. Кога парот се сместил во удобните столчиња, се појавила неговата сопруга, која ја снимала целата ситуација со телефон.
Како што се гледа и на снимката, и двајцата биле непријатно изненадени. Љубовницата веднаш побегнала, а прељубникот почнал да трча по скалите од другата страна.
@capi_oficial38lo pillaron♬ sonido original – capi oficial